Работилница: „Родова сензитивност – повеќе опции, не обврски“

Унапредувањето на родовата сензитивност во политиките за вработување и обука треба да вроди со повеќе опции со кои ќе управуваме со нашите животи. Не се работи за вршење притисок врз луѓето или принудување да ги сменат нивните културни традиции. Напротив, родово-сензитивните политики создаваат пријателска средина за личната слобода на жените да управуваат со нивната кариера, во заеднички интерес и корист за нив и нивните сопрузи и семејства.
Техничката помош на Договорот за изведба на реформи во секторот „ЕУ за млади“ започна да врши родова анализа и проценка на родовото влијание на македонските политики за обука и вработување. На 14 јуни, во вторникот, се одржа воведна работилница за експерти од националните институции поврзани со образованието, обуката и вработувањето, за време на којашто се дефинираше мисијата на оваа работа. Главната цел е да се овозможат обуки и други активни мерки за вработување за жените во многу поголем број од тоа што се достапни во моментов. Со подобро образование и/или обука, како и со советување и стажирање, жените во Северна Македонија ќе управуваат послободно со нивната кариера.
Нашата експертка Бранка Минчева смета дека актуелните национални стратегиски развојни документи се родово-сензитивни. Од друга страна, пак, не е јасно дали развојните документи се синхронизирани. Понатаму, нема доволно родово-сензитивни индикатори за мерење на резултатите. Овој проблем ќе се реши со нашата претстојна проценка, бидејќи ниту најдобрите идеи не вродуваат со исполнување на нивната цел доколку недостасува веродостојно мерење.
Бројните алатки коишто се предвидени во политиката за вработување се очекува да испорачаат подобри квалификации, побогато практично (работно) искуство и поголем број вештини. Ова се однесува на сите луѓе – мажи и жени. Затоа, важно е да се осигура дека секоја од овие алатки им е подеднакво достапна на жените и мажите. Националниот систем за образование и обука, како и системот за услуги за вработување мора да се осмислат на начин што ќе обезбеди соодветно учество на жените. Дополнително, системите мора да обезбедат веродостојни информации и податоци, со коишто ќе се поткрепи успешноста на мисијата.
Од резултатите од нашата тековна активност ќе произлезат препораки за осмислувањето на македонскиот национален систем за услуги за обука и вработување.
Родовата сензитивност не ги принудува жените да се вработат на работни места коишто не се соодветни за нив. Сепак, постојат работни места за кои, на пример, потребна е физичка сила којашто не може да се очекува од жените да ја поседуваат. Политиката за родова еднаквост не подразбира „физичка транзиција“ од жени во мажи и не е загрозена доколку сепак постојат типично „машки работни места“. Понатаму, родово-сензитивната политика во никој случај не ги принудува жените да престанат да бидат мајки и сопруги.
Со родово-сензитивната политика само се гарантира дека општеството преку државните институции создава фер и пријателска средина која на жените им нуди вистински опции за избор – прво да се биде мајка во некој период од животот, притоа поради тоа да не се изгуби шансата да се стане добра и успешна експертка или претприемачка во друг период од животот. Исто така, со оваа политика им се овозможува на двојките слободно да носат заеднички одлуки во прилог на постигнување рамнотежа на почитувањето на интересите на жената, мажот и нивното семејство.