Длабока и суштинска програма за капацитетите за „Гаранција за млади“

„Нашиот проект спроведува длабока и суштинска програма за градење на капацитетите за имплементација на шемата за вработување и континуирано образование „Гаранција за млади“. Затоа спроведовме истражување за постоечките капацитети, а по исцрпната анализа подготвуваме конкретни мерки за подобрување на капацитетите на повеќе од 500 луѓе од државната администрација од секторите образование и вработување“.

Ова вчера беше речено на работилницата организирана во Скопје на која учествуваа 40 претставници на јавната администрација, регионалните центри за вработување, и регионалните центри за стручно образование и обука.

Меѓу учесниците се разви суштинска расправа за наодите, интерпретирање на резултатите и валидација на предложените активности.

„Гаранција за млади“ е шема на ЕУ за вработување, континуирано образование, стажирање или практиканство за млади до 29 години во рок од 4-те месеци од напуштањето на училиштето или станувањето невработен.

Инаку, ЕУ ќе го поддржи буџетот на Владата на Северна Македонија со 15 милиони Евра во период од три години преку директна буџетска поддршка за реформите во секторот.