Како да се регистрирате

Многу едноставно, само со една посета!

Иако Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија изготвува електронски формулар за предрегистрација, тој сè уште не е достапен. Нашиот проект ќе ги информира сите заинтересирани преку сите канали за комуникација кога оваа опција за регистрација ќе биде достапна за употреба.

Сепак, според соодветниот закон за услуги за вработување, секое лице мора физички да се пријави во регистарот на баратели на работа. За да го стори тоа, потребно е физички да посети некој од центрите за вработување низ државата.

Сè што треба е да посетите некој центар за вработување и да побарајте да се пријавите. Доколку сте на возраст до 29 години, откако ќе се пријавите во општиот систем, службеникот ќе ви понуди да се пријавите за шемата „Гаранција за млади“.

Толку!

Ајде да го посетиме најблискиот центар за вработување и да се пријавиме за шемата „Гаранција за млади“!

За повеќе информации посетете ја веб-страницата: https://av.gov.mk/contacts.nspx