На кој начин СБП придонесува за државата

Партнерската земја ужива двојна придобивка:
- спроведувањето на реформите и современите политики придонесува таа да се развие во одредена област и
- државниот буџет добива директни контрибуции
Општа цел на буџетската поддршка на ЕУ е да се зајакнат партнерствата со партнерските земји, да се промовира одржлив развој, да се искорени сиромаштијата, да се намали нееднаквоста и да се постигне консолидација на мирот и демократијата.
Секторската буџетска поддршка на ЕУ е прилагодена на потребите за секторски развој на партнерските земји. Специфичните цели се разликуваат, но секогаш се во согласност со секторските политики, приоритетите и целите на земјите кои се крајни кориснички и се во согласност со надворешната политика на ЕУ.
Оттаму, земјата има двојна придобивка: спроведувањето на реформите и современите политики придонесуваат таа да се развие во одредена област и државниот буџет директно се збогатува преку „награди за покажаните успеси“ откако ќе се пријави дека успешно се спровеле одредени реформски мерки.
Секторската буџетска поддршка им помага на партнерските земји и да ги мобилизираат домашните приходи, со што во помала мера ќе зависат од надворешна помош. Таа поттикнува транспарентно и добро управување, со што придонесува кон борбата против корупцијата и создавање поволна клима за приватни инвестиции во партнерските земји на ЕУ.
Буџетската поддршка поттикнува отчетна и ефикасна јавна администрација. Таа се справува со корупција и измама преку:
- пружање помош на ревизорските и антикорупциските институции или правосудни органи;
- зацврстување на политичкиот дијалог и политиките за транспарентност и надзорни функции;
- реформи за надминување на системските слабости кои придонесуваат за корупција при управувањето со приходите, трошењето и процесите на јавни набавки или при испораката на услуги;
- поддршка на граѓанските организации за да се овозможи учество и надзор во изготвувањето буџети и политики.