Кој може да учествува?

За шемата „Гаранција за млади“ може да се пријави секој евидентиран млад барател на работа на возраст до 29 години.
Добредојдени се сите млади жени или мажи коишто се водат како невработени и кои завршиле формално образование.
Добредојдени сте и во случај предвреме да сте го напуштиле училиштето, без формално да дипломирате. Не е важно како и зошто сте го напуштиле училиштето – понекогаш и тоа се случува.
И да не се работи за таков случај, доколку некој го напуштил училиштето за добар и просперитетен бизнис план или за да прифати добра работа, добра прилика за секој млад човек е да се пријави за шемата „Гаранција за млади“.
Не треба да ве ограничува ниту вашиот социјален статус, ниту вашата националност, вашиот пол, религија или брачен статус – ништо нека не ви претставува пречка да учествувате во шемата „Гаранција за млади“.
Ајде да го посетиме најблискиот центар за вработување и да се пријавиме за шемата „Гаранција за млади“!
За повеќе информации посетете ја веб-страницата: https://av.gov.mk/contacts.nspx