Помогнете ни, за да ви помогнеме
За да се подобрат политиките и мерките за успесите на младите луѓе на пазарот на трудот во државата, мора да имаме активни повратни информации од младите луѓе за комплетирањето на нивното образование, за дополнителните курсеви или за други сервиси за вработување од Агенцијата за вработување, беше потенцирано на денешната работилница посветена на собирање, обработка и интерпретација на статистички податоци за образованието, релевантноста на вештините и вработливоста.
Проектот СРПЦ „ЕУ за младите“подготвува таканаречен Систем за следење (Tracer system) наманет за следење на успешноста на младите во нивната кариера кој ќе даде повратни информаци за состојбата и можна адаптација на образованието доколку е потребно.
Затоа беше упатен повик до младите и до статистичарите да се во контакт со надлежните и проектот, да одговараат на прашалниците и активно да учествуваат во истражувањата кои наскоро ќе бидат достапни. На овој начин, беше речено, младите ќе ја поддржат позитивната промена на подобро за себе како и за можностите за своите колеги.
Затоа „Помогнете ни, за да ви помогнеме“.


