Што е Секторска буџетска поддршка (СБП)

Општо за буџетската поддршка

Буџетската поддршка (БП) е неопходна за меѓународната соработка на ЕУ. ЕУ е лидер на светско ниво во поглед на пружање буџетска поддршка. Таа опфаќа директен пренос на финансиски средства до националните трезори на партнерските земји кои посветено спроведуваат реформи за одржлив развој. Финансирањето е условено со политички дијалог, проценка на резултатите и градење капацитети.

Буџетската поддршка на ЕУ промовира успешно исполнување на сите 17 цели за одржлив развој (ЦОР). На пример, тоа придонесе да се преполови стапката на сиромаштија во партнерските земји последниве 15 години (ЦОР1). Друг пример е постигнувањето родова еднаквост и оснажување на жените (ЦОР5) – 50% од портфолиото е насочено кон исполнувањето на оваа цел. За крај, земјите што добиваат буџетска поддршка од ЕУ бележат подобри резултати во поглед на контролирањето на корупцијата, во споредба со други земји во развој и земји во подем (ЦОР16). Последно, буџетската поддршка на ЕУ беше клучна за да им се помогне на земјите да се справат со кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Во 2020 година, во рамките на буџетската поддршка беа исплатени 3 милијарди евра, што претставуваше 24% од надворешната помош на ЕУ (вклучувајќи ги соседните земји и Инструментот за претпристапна помош). Распределбата на обврските по региони покажува дека Супсахарска Африка останува примател на најголем износ на буџетска поддршка (38%), а веднаш по неа се соседните земји (27%), Азија (17%), Латинска Америка (7%), Западен Балкан (5%), Карибите (3%), прекуокеанските земји и територии (2%) и Пацификот (1%).

Видови БП

Буџетската поддршка подразбира помош скроена според потребите на земјата-корисничка, поради што може да се додели преку 3 вида договори. Изборот на договорот зависи од контекстот во партнерската земја и од сопствените развојни цели.

Договорите за цели за одржлив развој (ДЦОР) се наменети да ги поддржат заложбите на партнерските земји за постигнување на неколку ЦОР. Тие поддржуваат стратешки развојни цели на високо ниво, за кои е потребен сеопфатен и трансверзален пристап.

ДЦОР може да се доделат само доколку е задоволителна проценката дека владата на партнерската земја е посветена на основните вредности на ЕУ.

Договорите за цели за одржлив развој (ДЦОР) се фокусираат на секторските политики и реформи, со цел да се подобри управувањето и испораката на услугите. Тие се фокусираат на еден или неколку ЦОР. Ги поддржуваат заложбите на нашите партнерски земји да обезбедат инклузивен пристап до квалитетни јавни услуги, да ги промовираат правата на жените и децата и да создадат услови за одржлив раст на секторско ниво.

Договорите за градење држава и отпорност се користат во кревки контексти. Тие ја поддржуваат транзицијата на најкревките партнерски земји кон закрепнување, развој и демократија и им помагаат да се справат со структурните причини за нивната кревкост. Овие договори може да се доделат веднаш по криза или природна катастрофа.

Критериумите за подобност за нив се исти, но се оценуваат со пристап на правење проекции. Се темелат на политички дијалог, како и на заштитни мерки доколку има потреба од нив. Со овој вид договори обично се подготвува теренот за Договори за цели за одржлив развој и Договори за изведба на реформи во секторот, бидејќи со нив се поддржува изработката на национални или секторски стратегии за развој во нашите партнерски земји.