Буџетската поддршка од ЕУ обезбедува директно финансирање на државниот буџет

Буџетската поддршка од ЕУ обезбедува директно финансирање на државниот буџет за реформа во политиките за образование и вработување на младите луѓе во Северна Македонија. Ова ќе води кон одржливо вработување, задоволство и реализација на животните амбиции на младите. Ние, како проект го евалуираме успехот на реформите во однос на индикатори поставени за државата како услови за успехот на земјата во процесот на подготовки за пристапување. Ова беше денес речено на работилницата за собирање, обработка и интерпретација на статистички податоци за образованието, релевантноста на вештините и вработливоста во Северна Македонија што се одржа во Скопје. На работилницата учествуваа над 40 претставници на Министерството за образование, Државниот завод за статистика, експерти од Европската асоцијација за обуки и експерти за статистика.