Како функционира Секторска буџетска поддршка (СБП)

Секторската буџетска поддршка (СБП) ги поддржува вистинските партнерства помеѓу ЕУ и партнерските земји при што партнерските земји се третираат како еднакви на ЕУ. ЕУ ги придружува во процесот на реформи за постигнување на нивните развојни цели, преку балансиран и отворен политички дијалог и го наградува работењето кога очекуваните резултати се постигнати.

Буџетската поддршка ја негува партнерската сопственост на развојните политики и реформи. Се темели на транспарентност, меѓусебно почитување, отчетност, резултати и управување со ризици, со цел зголемување на ефективноста на развојната соработка.

За да имаат придобивки од буџетската поддршка, партнерските земји мора да имаат:

  • релевантни и кредибилни национални или секторски стратегии, политики и/или реформи;
  • економски политики кои се фокусираат на стабилност;
  • релевантен и кредибилен план за подобрување на управувањето со јавните финансии и мобилизацијата на домашните приходи;
  • буџетски надзор и буџетски информации достапни на јавноста.

Владите кои се крајни корисници треба да ги почитуваат основните вредности на ЕУ за човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Финансиските трансфери во рамките на буџетската поддршка е директно поврзано со успешноста. Доколку партнерската земја не ги постигне договорените услови за резултати, финансирањето нема да продолжи додека не ги постигне. Употребата на варијабилна транша врз основа на индикатори овозможува и делумно плаќање во случај на делумно постигнати резултати. Оттука, исплатата не се заснова на известување за одредени трошоци, туку на исполнување на договорените цели.

Правилата се опфатени во Договорот за изведба на реформи во секторот „ЕУ за млади“ и финансискиот договор, но државите главно поднесуваат годишно барање за исплата заедно со извештајот за (само)оценување на годишниот напредок според договорените индикатори. Извештајот содржи опис на фактичките податоци и обезбедува „верификација“ (на пример, статистичка). Извештајот го одобрува Европската комисија (ЕК), а исплатата е директно до Министерството за финансии.

Иако секторската буџетска поддршка претставува еден вид „награда за покажан успех“ и не покрива одредени трошоци, очигледно е дека спроведувањето на секторските реформи обично е поврзано со одредени инвестиции (како на пример, модернизација на училиштата, набавка на најновите технологии за здравствена заштита, изработка на нови програми и методи за обука, професионални обуки или обуки за претприемачи). Пред потпишувањето на Договорот за изведба на реформи во секторот „ЕУ за млади“, експертите од ЕК и експертите од локалната самоуправа ги пресметуваат претпоставените вкупни трошоци за планираната инвестиција. Вкупниот износ опфатен во Договорот е половина или повеќе од половина од пресметаната сума што е потребна за да се исполнат задачите во прилог на тоа да се поттикне исполнување на наведените цели во Договорот.

За повеќе информации посетете ја веб-страницата: https://ec.europa.eu/international-partnerships/budget-support_en